еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Прв лет Софија-Скопје на 11 февруари, а редовни летови од март, најавува бугарскиот министер Сабев

Министерот за транспорт на Бугарија, Николај Сабев за БНТ изјави дека првиот лет за Скопје ќе биде на 11 февруари, а редовните летови ќе започнат во март.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедно со Сабев во Скопје ќе бидат и претставници на тур-оператори од Бугарија, кои ќе се сретнат со нивните македонски колеги.

Заедно со двајцата ресорни министри на разговорите ќе учествуваат и најголемите инвеститори во областа на туризмот од Бугарија. Тур-операторите од Бугарија и Северна Македонија ќе треба да договорат туристички пакети за посетите на туристите од двете земји да станат профитабилни и атрактивни.

Со тоа, според Сабев, Бугарија сака да привлече два милиони туристи од Северна Македонија да ги посетат нејзините одморалишта.

Сабев рече дека за рутата треба да има повластени давачки, кои ќе ги добива бугарската авиокомпанија која ќе ги извршува летовите.

Бугарија, како што најави, ќе предложи состанок на министрите за транспорт од Северна Македонија и Албанија со Европската комисија за Коридорот 8 да се трансформира во Коридор на Западен Балкан.

– Ќе биде финансиран од Европската комисија, изјави Сабев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на пелетите ограничена на 27.000 денари за тон и 27 денари за килограм

Редакција

Боки 13 поднел 40 кривични пријави за функционери и бизнисмени: Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот

Редакција

93% од компаниите имаат потреба од нови финансиски мерки за ублажување на последиците од пандемијата

Редакција