еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Прв лет Софија-Скопје: Слета авионот на Гуливер со македонска и бугарска делегација

На Меѓународниот аеродром Скопје изутринава слета авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што се реализира првиот лет на таа релација.

Со авионот во Скопје пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт, Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави.

Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратениците на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец.

Воедно треба да се утврдат и туристички пакети коишто ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави.

Бочварски е во Софија од вчера каде заседаваше меѓуресорската работна група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето, една од шесте работни групи формирани меѓу двете држави минатиот месец.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во рамки на работната група за инфраструктура и патен транспорт предводена од министерот Бочварски, двете страни се согласија на зголемување на квотата на дозволи на 1.500 годишни дозволи за транспорт на стоки за и од трети земји.

Исто така, Комисијата направи значителен напредок во преговорите за целосна либерализација на товарниот транспорт.

Авионското поврзување меѓу двата главни града на Северна Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков, што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје.

Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија се задолжи за нови 700 милиони евра преку еврообврзница

Редакција

Народна банка очекува пораст на БДП од 3,5 отсто

Редакција

(Фото) Симптоми, заштита и лекување на мајмунски сипаници: Препораки од Министерство за здравство

Редакција