еМагазин
Image default
Убава приказна

Прва збирка рецепти објавена од Бимилк: Многубројни брзи и лесни оброци подготвени со Битолска павлака

Непосредно пред велигденските празници, Битолска млекара ја издаде својата прва „Книга со омилени рецепти“, која содржи над 20 брзи рецепти подготвени со Битолска павлака.

Книгата е сочинета од збирка предјадења, главни јадења и десерти, а во сите нив, една од состојките е Битолската павлака, чија кремаста структура дозволува многубројни лесни и вкусни комбинации, како за солени јадења, така и за слатки.

Од Бимилк велат дека инспирација за книгата биле големиот број рецепти што секојдневно стигнувале на адресата на компанијата, како од вработени во млекарницата, така и од голем број обожаватели, потрошувачи и блогери за храна, на кои пораката на Битолската павлака – „Омилена со секој оброк“ –им била доволна инспирација за да испробуваат различни комбинации со овој производ и да ги споделуваат своите рецепти.

Од компанијата велат и дека не е исклучена можноста во иднина да издадат и поголем готвач со здрави рецепти, кој ќе ги обединува и другите нивни производи.

Имено, во „Книгата со омилени рецепти“, на рецептите се потпишани голем број од вработените на Бимилк, кои први ја тестираа Битолската павлака во различни јадења, но и пријателите на компанијата, како што се некои од интернет-порталите што објавуваат храна и рецепти и популарните македонски блогери што се занимаваат со готвење и објавување рецепти на социјалните мрежи.

„Книгата со омилени рецепти“ е достапна во сите маркети на Тинекс ширум државата со две купени Битолски павлаки од по 400 г.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маржата и профитот ќе се тргнат целосно или ќе се редуцираат при носењето на следната одлука на цената на струјата, вели Бислимоски

Редакција

(Галерија) Македонскиот модел Елена Реи повторно букирана за модната икона Diane von Furstenberg (DvF)

Редакција

„Макпетрол“ стана кум на куќа со згрижувачко семејство со пет деца во СОС Детско село

Редакција