еМагазин
Image default
Бизнис

Првите банкноти со Северна Македонија нема да бидат двојазични

Првите пари со новото име на државата ќе бидат пуштени во оптек на почетокот на наредната година.

Како што соопшти денеска гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, најпрво ќе бидат пуштени банкнотите од 500 денари, а потоа и оние од 10.

– Парите имаат природен циклус на искористување што ќе се земе предвид при пуштањето на новите банкноти, но ќе се води сметка и за потребата од пуштање нови пари, рече Анегеловска-Бежоска.

Одговорајќи на новинарско прашање, по презентацијата на пролетните макроекономски проекти, гувернерката истакна дека новите банкноти нема да бидат испишани и со албански јазик, но за тоа ќе има дополнителни консултации согласно законската и уставната рамка.

Ангеловска-Бежовска потсети дека во моментов парите содржат симболи од албанската култура.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„А1 Македонија“ го доби тендерот на Агенцијата за вработување за телефонски услуги вреден 30.000 евра

Редакција

Нов претседател на Надзорниот одбор на Македонијатурист е Горан Марковски

Редакција

Министерството за здравство на тендер бара партнер за изградба на катни гаражи во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Редакција