еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

„Работниците се државата“: Протест на синдикатите на 1 мај

Под мотото „Работниците се државата“ Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) по предлог на Претседателството на ССМ едногласно донесе Одлука да организира протест за 1 мај на Меѓународниот ден на труд.

– Се обраќаме до нашите братски синдикати, до сите работници и граѓани, пензионери, стечајни работници, невработени и студенти на оваа држава, крајно време е да ни се придружат и да ни дадат поддршка, односно безрезервно да ни се приклучат во сите активности што на овој план ќе ги преземеме во наредниот период.

Недозволиво е во Македонија функционерите да добијат 78 отсто покачување на платите, а работниците 0 проценти, се наведува во денешното соопштение од ССМ.

Од ССМ посочуваат дека е недозволиво вработените во јавниот сектор да немаат право на регрес за годишен одмор како нивните колеги и колешки во приватниот сектор.

-Недозволиво е да биде погазено работничкото достоинство и правото на пристојно работно време како цивилилзациска придобивка, со воведување на 60 часовна работна недела заради исполнување на желбите на газди, функционери и поединци, велат од ССМ и додаваат дека синдикалците се денес, на 1 мај ќе бидат и во наредниот период ќе излегуваат на улица на протест да го изразат работничкото незадоволство, а работниците и граѓаните заедно со нив потребно е да го изразат нивното незадоволство.

Од ССМ најавуваат дека протестот започнува на 1 мај 2023 година во 12:00 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје.

-Борбата е заедничка на сите, излези со работниците денес, зошто утре ќе биде доцна! Да живее достоинството на трудот! Заедно сите, се наведува во соопштението од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Фото: МИА/ССМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕВН: Жители на Слупчане противзаконски отвориле енергетски објект, без струја селата од липковско, Оризаре, Ваксинце и Лојане

Редакција

Кој е Евгениј Пригожин, лидерот на руската платеничка група „Вагнер“ кој загина во авионска несреќа

Редакција

(Фото) Нова книжарница на ТРИ во Скопје

Редакција