еМагазин
Image default
Локално

Работник почина по пад при изведување градежни работи во Гази Баба

Починал работник кој паднал при изведување градежни работи на зграда во изградба на подрачјето на Гази Баба.

– На 23 септември 2021 во 16:39 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека при изведување градежни работи на зграда во изградба на подрачје на Гази Баба, паднал работникот М.Ц. (55) од Скопје, кој починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и инспектор од Државен инспекторат за труд, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП „Исар“ ја чека дозволата од АХВ за користење на водата за пиење и готвење во Штип

Редакција

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради оперативно-тактичка вежба

Редакција

Општина Охрид повеќе нема да субвенционира концерти организирани од приватни продукции во шпицот на туристичката сезона

Редакција