еМагазин
Image default
Локално

Работник загина во несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола

При несреќен случај во Рудникот Суводол во РЕК Битола, синоќа при работа со градежна машина, животот го загуби работник В.К. 60 години, информираат од РЕК Битола.

„Во моментот на несреќата, работникот беше ангажиран на извршување на редовни работни активности. Стручните служби на РЕК Битола и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата.

Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот“, стои во соопштението од РЕК Битола.

Од РЕК Битола, посочуваат дека јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот возач на Хазби Лика пронајден мртов во својот автомобил во центарот на Тетово

Редакција

Тешко повреден малолетник по удар од возило на МВР

Редакција

(Видео) Пожар кај Богданци, огнот поминал и низ дел од ветерниците

Редакција