еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Радев го бендиса францускиот предлог, ама имало уште прашања кои требало да се разјаснат за да се кренало ветото

Предлогот на француското претседателство е чекор во правилна насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото, оценува претседателот на Бугарија, Румен Радев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ доставен од премиерот Кирил Петков до Комисијата за надворешна политика, пренесува БГНЕС.

Барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, наведува Радев, мора да се направи пред почетокот на преговорите.

– Не помалку важни се јасните механизми и мерливите критериуми за искоренување на десетгодишната политика на дебугаризација, кражба и фалсификување на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и знаци на бугарството на овие земји и за зачувување на бугарското културно наследство…, вели Радев и дополнува дека очекува бугарската Влада да ги разјасни тие прашања и да побара јасни механизми и гаранции.

Бугарскиот претседател воедно порачува дека премиерот не може да поднесе странски предлог без да каже свој став.

-Кабинетот не успеа да подготви бугарски предлог, а сега поднесува француски, обвинувајќи го Националното собрание без да каже свој став. Премиерот не може да поднесе странски предлог без свое мислење. Тој не е курир, туку премиер, посочува Радев, пишува БГНЕС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска за францускиот предлог: Ова не е негирање на идентитетот на Македонците, туку едностран акт на асимилација и окупација на Македонија

Ивор Мицковски: Францускиот предлог го руши македонскиот суверенитет, идентитет и историја

Ѓорги Спасов за францускиот предлог: Ни прави ли Франција мечкина услуга?

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за еволуцијата на коронавирусите и како да се заштитиме од нив

Редакција

Бајден го обвини Путин за „геноцид“ во Украина

Редакција

Слаб интерес: Обезбедена конвалесцентна плазма за третман на само 31 пациент со Ковид-19

Редакција