еМагазин
Македонија

Радев му кажал на Вархеји дека Бугарија очекува дијалогот со Македонија да води до конкретни резултати

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во телефонски разговор со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји го изразил очекувањето на Софија дијалогот со Македонија да доведе до конкретни резултати, јави дописникот на МИА од Софија.

Радев истакнал дека Софија е отворена за дијалог, поставила јасни прашања и очекува одговори и реални дејствија од Македонија.

Шефот на бугарската држава смета и дека дневниот ред на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде подреден на надворешни влијанија, туку да се води отворено со ангажман од двете земји, што ќе го придвижува напред процесот на евроинтеграција на Македонија.

Како главен акцент во тој дијалог, претседателот на Бугарија го посочил почитувањето на правата на Бугарите во Македонија, трајно искоренување на јазикот на омразата и почитување на бугарската историја и културно наследство во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија нема да отстапи од својатa позиција за Македонија, вели бугарскиот премиер Јанев

МИА/Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Академиците Камбовски и Поповски: Договорот од Преспа е оптимално решение

Редакција

Претседателката има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, велат од Кабинетот на Давкова

Редакција

(Фото) Негаторски цитат за македонскиот народ во бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, кој ги дискриминира и вознемирува Македонците

Редакција