еМагазин
Image default
Локално

Радовишанец сакајќи да прегази полицаец се забил во возило на МВР

На 17.09.2018 година во 19,35 часот во Радовиш на улица „Калаузлиска“, на земјениот пат кој води кон Шаин Маале се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Астра“ без регистарски ознаки, управувано од С.Р.(26) од Радовиш, и патничко моторно возило „Шкода Јети“ сопственост на МВР, информира МВР.

Незгодата се случила на тој начин што откако С.Р. го забележал полициското возило, се дал во бегство по земјен пат и во еден момент кога дошол до службеното возило се обидел да го прегази полицискиот службеник, кој успеал да се повлече, а С.Р. удрил во службеното возило. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за гостиварец кој му се заканувал на полицаец преку Фејсбук

Редакција

Штипската Клиничка болница за две и пол години ја напуштиле 70 вработени

Редакција

Кривична пријава за државна правобранителка од Прилеп

Редакција