еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Рамсторе го прослави својот 14. роденден со многу награди, настани, и хуманитарни активности

Традиционално секоја година во месец октомрви/ноември Рамсторе маркетите организираат активности за наградување на своите потрошувачи.

Па така, минатата недела на 2 декември, Рамсторе ја заокружија прославата на својот 14. Роденден ставајќи акцент на еколошката одговорност со носечки слоган „Размислувај ЕКО” на двомесечната наградна игра која започна на 3 октомври и траеше до 20 ноември, доделувајќи исклучителни награди како 14 скутери, 14 тротинети и 1 автомобил Toyota Hybrid.

Во присуство на голем број на посетители, случајни и дојдени токму поради наградната игра, беа прочитани имињата на среќните добитници, а на најсреќниот од нив Лирим Дика од Струга, со телефонски повик му беше соопштена главната награда.

Рамсторе кој во Македонија почна со работа во 2005 година е дел од Мигрос Тиџарет А.Ш., еден од најголемите синџири на маркети во Турција.

За 14 години колку што е присутен на македонскиот пазар, Рамсторе ги нуди своите услуги во 7 градови низ Македонија со вкупно 28 маркети со вкупна површина од 23.800 м2 и еден трговски центар Рамсторе Мол.

Главниот фокус на компанијата е насочен кон целта да оствари профитабилен пораст, превземајќи активности чувствителни кон општеството и околината. Воедно, се стреми да овозможи и уникатно искуство во пазарувањето преку спојување на ценовната структура, разновидноста на производите и кваллитетната услуга.

Рамстор поставува високи малопродажни стандарди, задоволни вработени, фер односи со своите добавувачи, еколошка одговорност и секако помош и грижа за оние кои им е најпотребна. Па така по повод  14. роденден, Рамсторе Македонија во насока на својата визија заедно со своите вработени и потрошувачи уште еднаш ја покажа и докажа својата хумана страна (општествена одговорност), организирајќи хуманитарни активности, како крводарителна акција, акција за донирање на храна, како и акција за донирање на облека.

-Ние како компанија ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти со  цел да го побудиме хуманиот дел и да го поттикнеме чувството на солидарност на хумана димензија кај сите. Веруваме дека секоја направена донација ќе биде корисна за нашето општество, а воедно ќе им помогне на оние на кои им е најмногу потребна, истакнаа од компанијата.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Dj Mats се приклучи во хуманитарната акција „Со срце за Цобе“

Редакција

Vero Drive – нова услуга на Веро маркетите за нарачка на производи

Редакција

Убава вест: „Медена земја“ номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Редакција