еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рашковски нуди половина милион евра за да излезе од притвор, Вишото обвинителство прифаќа

Вишото јавно обвинителство Скопје предлага да се прифати понудената гаранција во висина од околу 500 илјади евра на Драги Рашковски за да излезе од притвор.

Надлежен за одлучување по жалбата на Рашковски е Апелацискиот суд во Скопје, кој треба да донесе конечна одлука за тоа дали Рашковски ќе излезе од притвор или не.

-Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелацискиот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција, информираат од ЈОРСМ.

Против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски во моментов се водат две истраги, кои се однесуваат за спроведени тендери за набавка и за одржување на софтвер за сообраќајни прекршоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев во одбрана на Рашковски: Пред фактите и Боговите молчат

Обвинителството отвори истрага за нови кривични дела за случајот со Драги Рашковски

Рашковски склучил и други набавки во сомнителни постапки

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во септември

Редакција

Митко Јанчев и Советот на Општината Кавадрци против барањето на ИГМ да гради цинкара

Редакција

„Тутма“ на Богородица: Голем број Македонци во Грција ќе го прослават Денот на независноста

Редакција