Собранието на акционери на „ЗК Пелагонија“ на седницата закажана за 8 февруари годинава, меѓу другото ќе одлучува за предлог-одлуките за продажба на „Комплекс Александрија“ и на „Скопско поле“.
Во дневниот ред објавен преку Македонската берза може да се види дека акционерите ќе одлучуваат и по предлог-одлуката за ставање под хипотека имот на „ЗК Пелагонија“ кај НЛБ Банка кој надминува 20 отсто од вкупната вредност на компанијата.
Главен збор околу ова прашање ќе имаат доминатните акционери меѓу кои се Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, „Орха Холдинг“ и „Софија градба“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Орка Холдинг“ го предлага Александар Поповски за член на Одборот на директори на „ЗК Пелагонија“
ЗК „Пелагонија“ го продава „Скопско поле“ на „Жито Полог“ за 3,2 милиони евра
„ЗК Пелагонија“ го продава „Комплекс Александрија“ за најмалку 10,5 милиони евра