Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 25 до 31 октомври вкупно се тестирани 20.976 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,3% во однос на минатата недела.
„Регистрирани сe 2.804 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 3,7% во однос на минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 9,9% до 16,0%, просечно 13,2%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.293; 46,1%), со неделна инциденца – 203,9/100.000“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починале седум лица кои по вторпат заболеле од Ковид-19, вкупниот број на реинфекции е 734
Зголемување од 5,6%: За една недела 38 лица по вторпат заболеле од Ковид-19