Негативно мислење за Договорот од Преспа, за македонскиот премиер Зоран Заев и за поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, имаат мнозинството Грци, според политичкиот барометар за месец ноември на грчката агенција за рејтинг „Public issue“ за темите поврзани со надворешната политика, јави дописничката на МИА од Атина.
Од анкетираните граѓани било побарано да одговорат на прашањето: „За премиерот на поранешната југословенска Република Македонија, Зоран Заев, какво мислење имате?“.
Повеќе од половина од испитаниците, 53% одговориле дека имаат негативно мислење, 28% позитивно, а 19% биле без мислење.
Во јули годинава, негативно мислење имале 42%, а позитивно 40%.
Гласачите на СИРИЗА (според последните избори во септември 2015), се со поделен став, 43% имаат негативно, 39% позитивно мислење за македонскиот премиер, додека пак 7 од 10 од гласачите на Нова демократија (67%) имаат негативен, а 2 од 10 (19%) позитивен став за Зоран Заев.
МИА/Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дури 65% од Грците се против Договорот од Преспа