еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Разногласие во НАТО: Пленковиќ го демантира Столтенберг, тврди дека дронот кој падна во Загреб бил вооружен

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера во Загреб го демантираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој изјави дека дронот што падна во главниот град на Хрватска немал експлозив.

„Не беше „unarmed“ (невооружена), туку беше со експлозив“, изјави Пленковиќ на прес-конференција во Загреб, а како доказ на новинарите им покажа фотографии на кои, како што наведе, се гледаат траги од бомба.

Тој додаде дека сега е познато дека дронот од советско производство, кој се урна во четвртокот вечерта во Загреб, носел експлозив.

„Тоа летало, со оглед на тоа што има голема конфузија, мораме да ги растераме и елиминираме сите можни неточни информации, носеше експшлозив“, нагласи хрватскиот премиер, велејќи дека на фотографиите се гледа дека има делови од бомба.

Хрватскиот премиер повтори дека истрагата е во тек и дека се прави обид да се утврди за каква бомба станува збор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО стравува од исцениран хемиски напад од страна на Русија во Украина

Леталото со бомба од 120 килограми кое падна во Хрватска било украинско

И во Романија се урна беспилотно летало

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Ципрас номинирани за Нобелова награда за мир

Редакција

Пораст на онлајн купувањата: Најчесто се купува облека и спортска опрема

Редакција

Нови 333 случаи на Ковид-19 од 3.511 тестирања

Редакција