еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

РЕК Осломеј вратен на мрежа

РЕК Осломеј од утрово е повторно на мрежа. Термоелектраната е во функција и произведува електрична енергија, информираат од АД ЕСМ.

Во моментов, сите функционални капацитети на АД ЕСМ се во погон и испорачуваат електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.

– Стручни лица од производителот од Турција, се во РЕК Битола и заедно со вработени во комбинатот интензивно работат на монтажа на трансформаторот на Блок 3, известуваат од АД ЕСМ.

Од компанијата потенцираат дека произведената електрична енергија во АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави се примањата на УО и НО на ТТК Банка лани

Редакција

Пациентите треба да го потврдат својот телефонски број, само при првиот преглед

Редакција

Нема апанажа за функционерите кои поднеле оставка или биле разрешени, одлучи Уставен суд

Редакција