Во октомври 2018 година во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување евидентирани се 310.100 пензионери, што претставува зголемување од 0,8% во однос на истиот период минатата година.
Од вкупниот број пензионери, 65% се корисници на старосна пензија, 23,5% се корисници на семејна пензија и 11,5% се корисници на инвалидска пензија.
Просечната пензија во октомври 2018 година изнесува 14.455 денари и е за 3,9% повисока во однос на истиот месец минатата година.
Соодносот на просечната пензија со просечната исплатена плата во септември 2018 година (последни расположливи податоци) изнесува 59,2%.
Просечната старосна пензија во октомври изнесува 15.739 денари, просечната инвалидска пензија изнесува 13.060 денари, а просечната семејна пензија 11.582 денари.
За исплата на пензиите во октомври 2018 година се потрошени 4,5 милијарди денари, што претставува 52,8% од вкупните социјални трансфери.