еМагазин
Свет

Ретки случаи на крварење по употребата на вакцини на „АстраЗенека“ и на „Џонсон и Џонсон“, испитува Европската агенција за лекови

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека започнала со разгледување на извештаи за ретки состојби на крварење кај луѓето кои примиле вакцина на „АстраЗенека“ против Ковид-19, како и оние по употреба на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ поради згрутчување на крвта.

Четири сериозни случаи на ретки згрутчувања на крвта со ниски тромбоцити, од кои едниот со фатални последици, се пријавени по примањето на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ од нејзината подружница во Јансен, соопшти Европската агенција за лекови.

Агенцијата соопшти за пет случаи на синдром на нарушена капиларна пропустливост, поврзани со вакцината на „АстраЗенека“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Суспендираната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, осомничена за перење пари, корупција и учество во криминална организација

Редакција

(Вознемирувачко видео) Најмалку 20 тела пронајдени на улица во украинскиот град Буча

Редакција

Индија ја легализираше хомосексуалноста

Редакција