еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 425.356 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 533.386 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.990 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.137 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 958.742 дози вакцини, а ревакцинирани се 425.356 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Со последните бројки, како што се посочува, 65 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 58 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата, информираат од Министерството и апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Директорот на Бирото за метрологија мислел дека метрологијата e наука за времето и временската прогноза

Редакција

Убава вест: Оздравеа петмина нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.710

Редакција

Осумдневен притвор за петмината приведени за нападите врз полицајците во тетовска Мала Речица

Редакција