Американскиот в.д. помошник државен секретар, Филип Рикер, кој е во посета на Македонија, на денешната прес конференција со премиерот Зоран Заев, и порача на опозицијата дека „времето за игри е поминато“ и дека таа за доброто на земјата треба да биде конструктивна.
„Како и во секоја вистинска демократија улогата на опозицијата е клучна. Опозицијата мора да биде конструктивна, но времето за игри е поминато, време е работите да се придвижат за доброто на земјата.
Ова е клучно за процесот на евроинтеграции, но и за граѓаните. Времето да се задржува ова од страна на опозицијата треба да заврши и се надевам ќе имаат конструктивен пристап.
Мора да видиме разумни напори, закон за Јавното обвинителство мора да се придвижи, а неговото усвојување сега значи дека тоа повеќе нема да биде ‘прашање‘ и ЕУ ќе може да ги отвори пристапните преговори наесен“, рече Рикер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Неконструктивна е власта, а не опозицијата
Фото: Влада