еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Риши Сунак и официјално стана нов британски премиер

Риши Сунак денеска и официјално стана нов британски премиер, откако кралот Чарлс Трети го именуваше на должноста по прифаќањето на оставката на Лиз Трас, која на функцијата беше само 49 дена.

На средбата во Бакингемската палата, Чарлс го повика новиот лидер на конзервативците да формира влада.

Сунак со своите 42 години е првиот хинду премиер на Велика Британија, првиот со азиско потекло и најмладиот во повеќе од 200 години.

Тој е третиот британски премиер за помалку од два месеца. Трас си замина од функцијата како премиерка со најкраток мандат во историјата.

– На врвот на владината агенда ќе ги ставам економската стабилност и довербата, но тоа ќе значи и дека ќе се носат тешки одлуки, рече Сунак, во својот прв настап како премиер, пред неговиот кабинет на Даунинг стрит 10 во Лондон, пренесе Би-би-си.

Тој притоа им се заблагодари и на поранешните премиери Лиз Трас и Борис Џонсон и за неговата претходничка кажа дека и се восхитува на нејзината желба да ги олесни промените, но и додаде дека „беа направени некои грешки”.

– Таа не погреши од лоши намери, туку напротив. Но, сепак правеше грешки, изјави Сунак.

Сега веќе поранешната британска премиерка Лиз Трас денеска во своето последно обраќање на функцијата пред седиштето во Даунинг стрит изјави дека Британија ја чекаат подобри денови.

– Британија ја продолжува тешката битка, но јас верувам во оваа земја и британскиот народ и знам дека доаѓаат подобри денови, изјави Трас.

Таа на својот наследник Риши Сунак му посака успех на премиерската функција, наведувајќи дека сè уште верува во висок економски раст и во политиката на намалување на даноците.

Трас ја вршеше функцијата најкратко од сите британски премиери – само шест недели.

МИА/Фото: Фејсбук/Сунак

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска во Истанбул нова рунда преговори Украина-Русија

Редакција

Ламбе Алабаковски добивал смртни закани по опожарувањето на клубот „Ванчо Михајлов“

Редакција

Детален преглед: Ќе има ли надзорна расправа за државните пари што се одлеваат кај адвокати блиски до власта?

Редакција