еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија е при крај со инсулин и други важни медицински материјали произведени во странство

Русија е при крај со инсулин и други важни медицински материјали произведени во странство, објави денеска рускиот дневен весник „Комерсант“, вклучително и суровини клучни за производство на лекови дома.

Загриженоста доаѓа откако бранот западни санкции поради конфликтот во Украина почна да ја погодува руската економија и десетици големи западни брендови најавија заминување од пазарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Пепси, Кока-Кола, Старбакс, Мекдоналдс ја прекинуваат работата и продажбата во Русија

Виза, Мастеркард, Пејпал, Самсунг, Зара, Американ експрес… се повлекуваат од Русија

Федералниот медицински регулатор Роздравнадзор и националното здружение на аптеки го припишуваат недостигот на инсулин на „итната побарувачка на потрошувачите“, објави „Комерсант“.

Весникот, забележа дека повеќето лекови за дијабетес што се користат во Русија, исто така, се произведуваат во земјата и немало прекини во синџирите на производство и дистрибуција.

Неколку пациенти интервјуирани од „Комерсант“ рекоа дека има голема побарувачка за инсулин, бидејќи другите медицински помагала што ги користат дијабетичарите се произведуваат во странство и тие очекуваат општо покачување на цените или недостиг предизвикан од санкциите.

Западните санкции против воениот упад на Русија во Украина досега беа фокусирани на руските банки и нафтата и гасот, без да го таргетираат медицинскиот сектор.

Сепак, наведе „Комерсант“, руските компании би можеле да останат без увезени суровини и компоненти.

Тој објави дека испораките од Европа се запрени, а испораките од Кина и од Индија кои сочинуваат до 80 отсто од увозот се попречени во прекините на синџирот на снабдување.

Локалните залихи се очекува да траат три до шест месеци.

Москва работи на намалување на зависноста од Западот, политика напредната по санкциите на ЕУ и САД по руската анексија на полуостровот Крим во 2014 година.

Сепак, локалното производство на лекови сè уште во голема мера зависи од увезените суровини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Три деца меѓу 22. убиени цивили во украинскиот град Суми

(Видео) Буквата „Z“ е „новата свастика“: Руска пропаганда за „победа“

(Видео) Многу Руси не знаат што се случува во Украина, ќе дознаат кога војната ќе ги удри по џеб

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белградско драмско позориште гостува во МНТ со „Лет над кукавичкото гнездо“ во која игра Бјелогрлиќ

Редакција

Проф. Трајковски: Уште долго време епидемијата ќе осцилира како јо-јо, досегашните бранови се повторуваа со период од околу 4-5 месеци

Редакција

Зошто отварањето на маркетите на Лидл во Македонија ќе доцни?

Редакција