еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Молдавија, објави „Тајмс“

Русија ќе се обиде да отвори нов фронт против Украина од Молдавија, повикувајќи се на украински воени извори, објави Тајмс.

Еден извор вели дека има „број на индикатори“ кои укажуваат на напад во блиска иднина врз поранешната советска држава, која има само 3.250 војници во својата армија.

Успешното преземање ќе доведе до преселба на руските трупи во црноморското пристаниште Одеса, во Украина, од запад.

Британски Тајмс, додава дека инвазијата врз поранешната советска република би можела да се случи на 9 мај. Според британското издание на Тајмс, тогаш рускиот претседател Владимир Путин може да прогласи признавање на независноста на Придњестровско Молдавска Република.

Тоа би довело до реализација на „сценариото Донбас“ и би било непосредна закана за територијалниот интегритет на Молдавија.

Според украинските разузнавачки извори, цитирани од Тајмс, има голем број сигнали кои укажуваат дека во блиска иднина може да има напад врз поранешната советска република.

Отсега има активност на аеродромот во Тираспол, главниот град на меѓународно непризнатата Придњестровска Република. Можно е Русите да се обидуваат да ги префрлат своите војници во авионите ИЛ-86 кои полетуваат од окупираниот Крим.

Во исто време, во главниот град Кишињев треба да се организираат немири и протести.

Британскиот весник пишува дека оваа информација не се совпаѓа со оценките на западните разузнавачки служби, кои сметаат дека Русија нема доволно безбедност за таа рута без ризик од соборување авиони во регионот на Одеса од страна на украинската противвоздушна одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Приднестровие – регион во Молдавија каде би можела да се прелее војната од Украина: Анализа на Гардијан

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Го сакаме летото во костимите за капење на Women ‘secret

Редакција

Македонија обезбеди привремен престој за 131 авганистански граѓанин вработени во Обединетите нации

Редакција

Новите правила за влез во ЕУ кои важат и за македонските граѓани, со барање одобрение и плаќање такса повторно одложени

Редакција