Русија и Украина се приближуваат до договор за „клучните“ прашања, нагласи турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу во интервју објавено денеска, додавајќи дека се надева дека ќе се постигне примирје доколку двете страни не се откажат од досегашниот напредок.
Чавушоглу, кој минатата недела отпатува и во Русија и во Украина за да разговара со своите колеги Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеб, за турскиот весник Хуриет изјави дека има „конвергенција на позициите на двете страни за важни теми, клучни теми“.
„Можеме да кажеме дека се надеваме на примирје доколку страните не се повлечат чекор од сегашните позиции“, тврди Чавушоглу без дополнително објаснување.
Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин за телевизијата Ал Џезира изјави дека двете страни се приближуваат до четири клучни прашања.
Тој го наведе барањето на Русија Украина да се откаже од амбициите за влез во НАТО, демилитаризацијата, потоа она што Русија го нарекува „денацификација“ и заштитата на рускиот јазик во Украина.
И покрај обвинувањата од двете страни за одолговлекување, Киев и Москва напредуваа во разговорите минатата недела за решение што ќе ја гарантира безбедноста на Украина, но надвор од НАТО.
Калин рече дека трајно примирје може да се постигне само преку средба меѓу Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но, тој додаде дека Путин верува дека позициите за „стратешките прашања“ на Крим и Донбас не се доволно блиски за да се договори средба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Украина пред и по војната
(Видео) Русија во Украина користи хиперсонични ракети, за какво оружје се работи
МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана