еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија негативно гледа на влегувањето на Шведска и на Финска во НАТО

Москва негативно гледа на плановите на Шведска и на Финска да се приклучат во НАТО, изјави денеска заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

Тој истакна дека ширењето на Алијансата е дестабилизирачко и не придонесува за безбедноста на нејзините членки.

Според Рјабков, земјите во НАТО, како и Шведска и Финска што сакаат да се придружат, всушност „им поклонуваат дел од својот одбранбен суверенитет на САД“.

– Колку ќе биде мирен наредниот период за нашите северноевропски соседи, сериозено се сомневам. На крајот, тие дел од својот надворешнополитички и одбранбен суверенитет им го даваат на Вашингтон и на други таканаречени постари партнери во НАТО, смета Рјабков.

Како што тој додаде, во Москва жалат поради „разговори за евроатлантска солидарност, што се користат како параван за агресивни планови на Алијансата во однос на Русија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерите на НАТО ги поканија Финска и Шведска да се приклучат на Алијансата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Москва: Македонија прави голема грешка што ќе и донира хеликоптери на Украина

Редакција

Починаа девет лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 3.085

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Фондот за здравство за набавка на масло за греење вреден 4,7 милиони денари

Редакција