еМагазин
Image default
Свет

Русија протестира против легализацијата на марихуана во Канада

За Русија легализацијата на канабисот во Канада е „неприфатлива“ и „лицемерна“ одлука, која „сигурно ќе предизвика значително зголемување на прометот (на марихуана) кон другите земји“.

„Оценуваме дека таквиот закон е во спротивност со меѓународната контрола на дрогата“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Официјална Москва тврди дека Владата на канадскиот премиер Џастин Трудо ја „прекрши“ Единствената конвенција за опојни дроги од 1961 година, Виенската конвенција за правото на меѓународните договори од 1969 година, Конвенцијата за психотропни супстанви од 1971 година и Конвенцијата против незаконски промет со наркотици од 1988 година.

„Свесно торпедирајќи го меѓународниот режим за контрола на наркотиците, канадската Влада создаде најголем пазар на дрога во светот, кој и покрај сите изјави и предложени мерки за спречување на извоз на канабис преку државните граници, сигирно ќе предизвика значително зголемување на прометот во други држави, вклучително и во тие кои строго го почитуваат духот и словото на конвенциите“, се посочува во соопштението од руското МНР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во изолација потворно околу 108 милиони Кинези бидејќи корона вирусот се враќа

Редакција

За прв пат во светот: Стапи во сила Договорот за забрана на нуклеарното оружје

Редакција

Швајцарија ќе уништи 10 милиони дози на вакцини против Ковид-19, во вредност од 294 милиони евра

Редакција