еМагазин
Image default
Свет

Рускиот опозиционер Навални со нарушено здравје, не ги чувствува рацете и нозете

Се влошува здравствената состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални и тој почнува да го губи чувството во рацете и нозете, изјави неговиот адвокат Вадим Кобзев.

Адвокатот кажа дека кај Навални, кој е на издржување затворска казна, се дијагностицирани две хернии на ‘рбетниот столб.

По вчерашната посета на Навални, Кобзев на Твитер напиша дека рускиот опозиционер чувствува болка при одење и изрази загриженост дека неговата болест „очигледно напреднала“, со губење на чувството на нозете, дланките и зглобовите, пренесе Би-Би-Си.

Навални, кој издржува затворска казна во траење од две и пол години, минатата недела почна штрајк со глад во знак на протест, како што наведе, одбивањето на затворските власти да го третираат правилно за акутните болки во грбот и нозете.

Казнено-поправниот дом ги негираше неговите тврдења, наведувајќи дека му е укажана целата медицинска помош, во согласност со индикациите.

МИА/Фото: Фејсбук/Навални

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светот пред ново искушение, новиот вирус корона се пренесува од човек на човек

Редакција

САД го одбија предлогот на Путин за укинување на санкциите кон Русија

Редакција

Во Украина загина и 24-годишна новинарка на американската телевизија Фокс њуз

Редакција