еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СЈО поднесе две обвиненија за предметот „Талир“, за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за изградба на седиштето на партијата

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите денес до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе два обвинителни акти како резултат на спроведената истражна постапка во предметот познат во јавноста како „Талир“, соопштуваат од СЈО.

„Од причини на целисходност, ова Јавно обвинителство ја раздвои постапката во предметот „Талир“, од кои причини поднесени се две обвиненија. Едниот обвинителен акт се однесува на незаконско финансирање на правното лице – политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, а вториот обвинителен акт се однесува на незаконската изградба на седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Потенцираме дека со воспоставувањето на надлежност врз предметот преземен од Основно јавно обвинителство Скопје ова Јавно обвинителство, согласно член 5 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, е овластено за поведување и застапување на предметните обвиненија“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЈО: Груевски и Божиновски му овозможиле на „Бетон“ бесправно да го изгради седиштето на партијата

СЈО поднесе обвиненија против Груевски, Божиновски, Јанакиевски, Илија Димовски за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Латас и неговите браќа прогласени за невини, трошоците за судската постапка ќе ги плати државата

Редакција

Од Украина досега евакуирани околу 120 македонски граѓани, меѓу кои и неколку Украинци

Редакција

Заев за изјавата на Каракачанов дека македонскиот дел од заедничката Комисија се однесува како „магариња на мост“: Ги повредува нашите чувства

Редакција