еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

САД и ЕУ очекуваат суверна одлука на македонското Собрание за да сме оделе напред

Во овој критичен момент од европската историја, обележан со неоправданата агресија спроведена од Русија против Украина, унапредувањето на патот на Албанија и Македонија кон ЕУ е клучно за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот европски континент. Водени од заедничките вредности и стандардите и одредниците на ЕУ, двете земји се подготвени да го направат следниот чекор кон членство во ЕУ.

Ова се наведува во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и американскиот државен секретар Антони Блинкен за поддршка за отворање на пристапните преговори со ЕУ.

– Го поздравуваме компромисниот предлог кој ги зема предвид интересите и грижите и на С Македонија и на Бугарија заснован на меѓусебно почитување, доверба и разбирање. Суверената одлука на Собранието на С Македонија ќе биде важна за да се придвижи напред. Овој дух на конструктивен компромис врз кој се гради европската интеграција треба да продолжи да ги инспирира сите кои се вклучени во овој историски процес, се вели во заедничката изјава.

Европската Унија и САД, како што се наведува, се посветени на поблиска соработка на Западен Балкан. Обезбедувањето стабилност и просперитет и остварување на нивната европска и евроатлантска иднина останува наша заедничка цел.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Спасени две лица кои со квадрицикл паднале во провалија на Караџица

Редакција

Заев, Димитров и Дескоска на средба со новата пратеничка група за уставните амандмани

Редакција

Првото рочиште за случајот „Беса Транс“ одложено за 15 ноември

Редакција