еМагазин
Image default
Бизнис

„Саемот на мебел“ е прв од трите пролетни саеми што ќе се одржат во „Борис Трајковски“

„Саемот на мебел“, ќе се одржи од 29. март до 2. април во комплексот Борис Трајковски.

Саемот ќе го користи целокупниот внатрешен затворен капацитет, како и монтажни објекти кои ги задоволуваат критериумите на саемско претставување. Просторот ќе биде соодветно адаптиран по највисоки стандарди.

Саемското претставување ќе трае 5 дена, на кое се очекува бројни домашни производители на мебел да ги претстават своите најнови изданија, како и интернационални брендови, кои се присутни на пазарот преку нивните застапници.

Саемот на мебел е една од најатрактивните манифестации поради концептот сè на едно место и поради оригиналните идеи за уредување на домот.

Скопски саем ги најавува и следните два саеми во пролет. „Саемот на книга”, исто така ќе се одржи во пролетниот термин од 04. до 10. мај 2023 и ќе го одбележи својот 35ти јубилеј на одржување.

Во периодот од 7. до 9. јуни 2023 ќе се одржи и „Саемот на транспорт”, каде ќе бидат претставени товарни и комерцијални возила пред деловната публика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Голема заинтересираност во првата недела од отворањето на Ист Гејт Мол

Редакција

„Ватростална“ го доби тендерот на ЕСМ за градежни работи во РЕК Битола вреден 6,8 милиони евра

Редакција

Започнува изградбата на преносната енергетска мрежа за поврзување на Македонија и Албанија

Редакција