еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Само 169 Бугари од Македонија се пријавиле да гласаат на изборите во Бугарија на 2 април

Само 169 лица од Македонија се пријавиле да гласаат на парламентраните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, објави бугарското Министерство за надворешни работи.

Најмногу пријавени за гласање има во Кавадарци 42, во Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 20, во Скопје 14 и во Битола девет.

Според резултатите од последниот попис на населението во Македонија, како Бугари се изјаснија 3.504 лица.

Бугарската Централна изборна комисија соопшти дека вкупно се пријавиле 47.389 лица кои ќе можат да гласаат во амбасадите и конзулатите на Бугарија во странство.

Најголем број пријавени има во Турција – 28.286, во Велика Британија – 3.343, во Германија 3.289 и во Шпанија 1.602.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски телеком“ бележи раст, а „Оне.Вип“ пад во уделот на пазарот на мобилна телефонија

Редакција

Евтин ПР на Бујар Османи со шише со инфузија

Редакција

Владата одговорна за корона вирусот, партиите не толку: Кој ќе ги натера граѓаните да излезат на избори?

Редакција