еМагазин
Image default
Техно

Samsung го претстави ClimateHub, своето прво интегрирано решение за греење и довод на топла вода

ClimateHub е новото интегрирано решение на компанијата Samsung за греење и снабдување со топла вода во домаќинствата. Преку лесна монтажа, едноставно движење, бесшумна работа и паметно поврзување, Samsung има за цел да ги направи домовите повеќе практични за инсталатерите и повеќе комфорни за крајните корисници.

Samsung ClimateHub е исклучително функционален систем на климатизација. Тој се состои од реверзибилна топлотна пумпа со средство за ладење R32, вграден резервоар за топла вода со волумен од 200 или 260 литри и нов регулатор кој е осетлив на допир, кој воедно овозможува и контрола на температурата. Системот е достапен во Mono и Split верзии.

Mono и Split системи

ClimateHub Mono конфигурацијата има надворешна хидро единица, која ја олеснува монтажата и нема потреба од лиценца за F-гас. Овој систем е достапен во повеќе опции кога е во прашање капацитетот, тие варираат од монофазни варијанти од 5-8-12-16kV, до оние со трофазен капацитет од 8-12-16kV.

Кога е во прашање Split системот, надворешната единица е со резервоар поврзан со цевки од разладните средства и овој модел е достапен во 4-6-9 kW (монофазни) и 9kW (трофазни) варијации.

Двата системи можат да се поврзат на Smart Grid режим, овозможувајќи максимално искористување на предностите, односно економично и одржливо снабдување со електрична енергија. ClimateHub може да се поврзе и на соларен погон, штедејќи на трошењето енергија преку обновливи ресурси.

Поради високиот степен на енергетска ефикасност и Mono и Split системите доаѓаат со А+++ ознака за просечна сезонска ефикасност на греење на просторот, врз основа на излезна температура на водата од 35°C.

Хидро единица со вграден резервоар

Хидро единицата на Samsung ClimateHub системот доаѓа со вграден резервоар и е дизајнирана до најситните детали. Достапна во опција од 200 или 260 литри, единицата подразбира повеќе типови на монтажа и се вклопува во различни објекти, од мали станови до големи куќи. Помошниот грејач е постојано вклучен, за греењето да е константно.

Речиси бесшумна работа

Денешните клима уреди мора да ги исполнуваат сите услови за работа во однос на интензитетот на бучава. Тивкиот 4-Step режим на ClimateHub системот на своите корисници им овозможува намалување на бучавата на неверојатни 35 dB(A) [1].

Едноставна инсталација и сервисирање

Хидро единицата со вграден резервоар е со компактна големина (595 x 700 mm) и се карактеризира со модуларен дизајн, што овозможува едноставна монтажа. Поради интуитивното сервисирање, движењето и одржувањето може да се направи со минимални напори, употребувајќи Micro SD картица или Samsung S-Checker мобилната апликација.

Паметно поврзување

Со ClimateHub системот, компанијата Samsung го претстави и новиот регулатор со повеќекратни јазични опции и живописниот приказ на бои, осетлив на допир. Регулаторот е задолжен за подесување на температурата по зони, поставување во летно време, следење на потрошувачката на енергија, како и евентуалните грешки.

Со употреба на опционалниот Wi-Fi пакет, различните аспекти од системот можат да се контролираат преку Samsung SmartThings апликацијата [2] на паметните телефони, овозможувајќи поврзување со останатите куќни апарати и електроника.

[1] 35dB(A) се достапни со Split единиците од 6kW и 9kW на температури повисоки од +4°C. Нивото на звучниот притисок е релативен и зависи од растојанието од акустичната околина и варира во однос на условите.

[2] Достапна на Anroid и iPhone уреди. Интернет поврзувањето е неопходно, како и налогот на Samsung апликацијата.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со иновативната технологија на Македонски Телеком, Скопје станува Паметен град

Редакција

Регионално истражување: Брзина, едноставност и практичност на најголемата предност на бесконтактното плаќање

Редакција

WITCON, tech конференција на 20. мај во Скопје организирана од Women in Tech Macedonia

Редакција