еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Сандра Цветкова снима реклама за познатиот пијалок „7up“ во Лондон

По неколку месеци поминати во Лондон, македонскиот модел Сандра Цветкова конечно ќе ја видиме во најновата реклама за познатиот освежителен пијалок „7up“.

Инаку Цветкова со години е дел од македонската модна агенција „Моделс ИН“ и за време на тој период работеше на одлични проекти и кампањи. Од неодамна е дел од модната агенција „Моделс Плус“ во Лондон каде што во моментов работат на нејзиното портфолио.

Сандра е позната како голем професионалец и ретко одговорен модел, затоа нејзиниот успех не е случаен. Нејзината неодолива насмевка и вродениот шарм, покрај физичката убавина, се надеваме ќе ја однесат директно во центарот на светската модна индустрија“, велат од нејзината матична агенција „Моделс ИН“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовирано шибенско-македонско пиво во чест на кардиохирурзите кои ја извршија првата трансплантација на срце во државава

Редакција

Вакцинирани 4.328 деца: 19-годишен пациент со мали сипаници во потешка здравствена состојба

Редакција

Како имот пријавил поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски

Редакција