Зеќир Рамчиловиќ, кој од 1 ноември во Парламентот функционира како независен пратеник е предложен да биде нов потпретседател на Законодавниот дом од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ.
Групата пратеници ова барање вчера го доставиле до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој се очекува да го предложи Рамчиловиќ да биде избран за потпретседател на 116 собраниска седница што се очекува да започне попладнево.
Претходно, Рамчиловиќ на 1 ноември го известил претседателот на Собранието Џафери дека ја напушта Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе функционира како независен пратеник.
Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.