еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Се повеќе девојки во униформи: Од вкупно 6.700 припадници на Армијата, 635 се жени

Министерството за одбрана прави исклучителни чекори напред во доменот на родовата еднаквост и родовата перспектива. Се зголемува бројот на жените кои се пријавуваат за доброволно служење воен рок, има зголемен интерес за учество во Армијата како офицери, е заклучокот од денешната конференцијата организирана од Системот за контрола на малокалибарско и лесно оружје во Југоисточна и Источна Европа (SEESAC), посветена на родовата еднаквост и родовата перспектива во одбраната.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во обраќањето на конференцијата посочи дека зголемувањето на учеството на жени во армиските редови не се прави и не треба да се прави преку ноќ, туку треба силна работа и силна посветеност. За тоа дека овој проблем не е само на регионот, туку и пошироко таа посочи дека доказ се бројните невладини организации, бројните резолуции на Обединетите Нации, бројните здруженија на граѓани кои низ целиот свет се трудат да ги разбијат стереотипите.

„Од околу 6.700 припадници на Армијата, 635 се жени, односно околу 10 проценти, а од нив офицерки се 15 проценти, подофицерки 11 проценти, а професионални војнички само пет проценти“, информира министерката Шекеринска.

Таа додава дека фактот оти десет проценти во последната класа на граѓани на доброволно служење воен рок се девојки, покажува дека интересот за професијата се зголемува. Она што е најважно, истакна министерката, е не само да ги привлечеме жените да бидат дел од војската, туку и да ги задржиме да ја градат тука својата кариера.

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево и топло со мала облачност, температурата до 28 степени

Редакција

81% од моментално хоспитализираните со Ковид-19 не се вакцинирани

Редакција

Кирил Пејчиновиќ канонизиран во светител

Редакција