еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Се распаѓа единството во ЕУ по однос санкциите кон Русија, вели германскиот министер за економија

Германскиот министер за економија Роберт Хабек синоќа изрази загриженост поради неединството на Европската унија пред самитот на кој ќе се разговара за руското ембарго за нафта и планот за ставање крај на зависноста од руската енергија.

Лидерите на ЕУ ќе се состанат денеска и утре за да разговараат за новиот пакет санкции против Русија, што предвидува ембарго на руската нафта и програма насочена кон забрзување на прекинот на зависноста од фосилните горива, вклучително и од рускиот гас.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на синоќешниот состанокот во Брисел не успеаа да постигнат консензус за воведување на шестиот пакет санкции против Руската Федерација.

Нов обид за постигнување договор за засилување на притисоците врз Русија е закажан за денеска, непосредно пред специјалниот самит на лидерите на ЕУ.

„По почетокот на рускиот напад врз Украина, видовме што може да се случи ако Европа биде обединета. Се надеваме дека единството ќе се покаже на утрешниот самит, иако тоа веќе почна да се распаѓа“, рече Хабек на прес-конференција.

Тој ја повика Германија на самитот да настапи единствено, не да се воздржува од гласање поради разликите во ставовите во рамки на германската владејачка коалиција.

Слично единствто Хабек побара и од земјите-членки на ЕУ.

„Европа е се уште огромна економска област со неверојатна економска моќ. Кога е обединета, може да ја искористи таа моќ“, рече Хабек на отворањето на саем во Хановер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ неможе да постигне договор за шестиот пакет санкции против Русија

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законот за амнестија во Собранието: Ќе го смени ли Владата ставот за насилниците?

Редакција

Галеника со 24% раст на продажбата на македонскиот пазар

Редакција

Расте интересот за кредити за естетска хирургија

Редакција