На 23.08.2018 година во 23.00 часот во Полициската станица Струга, штитеничка (14год) во Јавна установа за згрижување на деца и млади со социјални проблеми и нарушено поведение „25-ти мај“ од Скопје,пријавила дека истиот ден околу 16.00 часот непознато лице извршило „други половидејствија“, информира МВР.
Според пријавата, настанот се случил во близина на с. Калишта, Струга. Врз основа на гинеколошокитенаоди, не се најдени траги од насилен сексуален однос. По преземените мерки и активности, Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против непознат сторител поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,задоволување на полови страсти пред друг“, казниво по член 190 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.