еМагазин
Спорт ТОП СТОРИИ

Се степале фудбалерите на Тетекс и Кадино, приведени четворица

Четворица фудбалери на второлигашите Тетекс и Кадино завршија во полициска станица после првенствниот натпревар поради физичка пресметка помеѓу играчите од двата тима, информира денес СВР Тетово.

– Полициски службеници ги лишиле од слобода Д.М.(20), Х.Д.(29) од Скопје, фудбалери на ФК „Тетекс“ и М.Р.(20) и В.И.(29), фудбалер и претставник на ФК „Кадино“ од истоименото скопско село, а поради нивна инволвираност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар помеѓу овие две второлигашки екипи.

Покрај тоа, Д.М. со пластично шише удрил полициски службеник, кој преземал службени дејствија околу физичката пресметка, а Х.Д. попречувал полициски службеник при преземање службени дејствија. Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Дуелот заврши со нерешен резултат 1-1. Во текот на натпреварот имаше и голем број вербални конфликти помеѓу фудбалерите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дома починале 13 лица од заболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ избришан од Централниот регистар, ама пак работи

Редакција

Вкупно 7.723: Од Ковид-19 починале 12 лица, дополнително пријавено уште едно

Редакција