еМагазин
Image default
Македонија

Се воведува европскиот број за итни повици 112, за во случај на несреќа граѓаните да го пријават настанот

Во употреба се воведува европскиот број за итни повици Е-112. Во случај на нерсреќа, граѓаните ќе можат да се јават на овој број и да го пријават настанот.

Во исто време, преку координација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита. Се уште остануваат во функција телефонските броеви 192, 193, 194.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција нагласи дека новиот број 112 е потребно да го знае секој граѓанин. Ја истакна сериозноста на професионалните обврски кои ќе ги имаат примателите на повик, односно телефонски оператори, кои ќе се јават од Скопје, но и од останатите простории низ државата.

Соопшти дека затоа предложиле до Владата, а потоа и добиле одобрение во Законот за управување со кризи да се направи измена и примателите на повици да имаат зголемена плата од 30, односно 35 проценти. Најави дека вработените во овој сектор 112 ќе имаат поголема плата за 35 проценти.  

-Воспоставивме соработка со Министерство за одбрана, каде што сите лица коишто ќе работат со 112 најпрво ќе мора да положат тестови за интелигенција, тестови за карактерни особини, тестови за познавање на англискиот јазик или евентуално познавање на друг јазик.

Меѓу вработените ќе има и лица коишто го зборат албанскиот јазик, но и за нив е потребно да го зборуваат англискиот или друг светски јазик, рече Ангелов.

Додаде дека ќе биде потребно и познавање на комјутерски вештини.

Примателот на повик, како што рече, треба да ја води жртвата, треба да ја одржи во живот доколку се наоѓа во животна опасност. 

Раководител на проектот и на секторот 112 во ЦУК, Душко Петровски информира дека се работи за европски проект кој треба да го имплементира секоја земја-аспирант и членка на ЕУ. Целта е да се спроведе како единствен европски број за итни повици со цел да му се помогне на населението во случај на загрозување на нивните животи или материјални добра на државата.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Весна Петрушевска: Излегов на протест, беше радикално и не поддржувам насилство, но народот е бесен и гневен

Редакција

Кривичниот суд Скопје ја потврди казната од 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино

Редакција

Рама и го честита роденденот на Република Северна Македонија

Редакција