еМагазин
Бизнис

Сеавус ја отвори првата канцеларија во Турција

Компанијата за развој на софтвер и консултантски услуги, Сеавус, која е дел од групацијата Арикома, ја отвори својата прва канцеларија во Турција, поточно во Истанбул, зајакнувајќи го своето влијание и проширувајќи ја можноста да понуди посветен локален тим за своите клиенти и партнери, информираат од таму.

Канцеларијата во Истанбул е вкупно 17-та на компанијата, со што Турција стана нов пазар и десетта држава во рамките на нејзината глобална мрежа.

„Нашата нова канцеларија во Истанбул ќе ја зајакне способноста за иден раст, ќе го прошири нашиот опсег, ќе овозможи нови проекти и ќе ги искористи локалните таленти.

Новата канцеларија ја гледаме како отворена врата во регионот и одлична можност за учење и стекнување непроценливо знаење за локалната култура, запознавање и работа со исклучителни ИТ професионалци. Веќе ги примивме нашите први вработени во семејството на Сеавус и се радуваме на идниот раст на нашата канцеларија“, вели Дејан Петрески, главен оперативен директор на Сеавус.

-Сеавус е водечка компанија за развој на софтвер со докажано искуство во обезбедување на успешни деловни софтверски решенија на ниво на претпријатие. Компанијата има над 950 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги Европа и САД.

Растечкото портфолио на компанијата опфаќа BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded програмирање, деловни и производи за широка потрошувачка, мобилни и гејминг решенија, управувани решенија, како и сопствен развој, консултантски услуги и ресурси.

Портфолиото на компанијата вклучува успешни приказни со клиенти од водечки светски производители на телекомуникации и мобилни телефони, организации од банкарската и финансиската индустрија, потрошувачка електроника, технологија, образование, влада, здравство, итн., велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дона-М“ го доби тендерот на МВР за набавка на џемпери

Редакција

Бугарската „Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Народна банка за набавка на струја вреден 272.000 евра

Редакција

Пченицата и пченката од Србија се за стопанските субјекти, а не за државата или за стоковните резерви, вели Николовски

Редакција