еМагазин
Image default
Македонија

Седницата за избор на составот на собраниските тела в понеделник

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за понеделник напладне ќе закаже седница на која на дневен ред ќе биде избор на составот на работните тела на Парламентот, а потоа верификација на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Џафери на брифингот со новинари кажа дека на оваа седница нема можност за други точки на дневен ред, бидејќи материјалите треба да поминат на комисии.

Инаку, во Собранието досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната спстојба од претседателот на државата Стево Пендаровски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали затворениот распит на директорот на АНБ за Онишченко се емитуваше јавно на Јутјуб?

Редакција

Приведени седум македонски државјани кои се бореле во Сирија и Ирак

Редакција

Нови 326 случаи на Ковид-19 од 2.562 тестирања

Редакција