еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Катица Јанева спроведена во Идризово, треба да одлежи седум години за „Рекет“

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева попладнево е спроведена во затворот во Идризово, потврди за МИА директорот на КПД „Идризово“, Јовица Стојановиќ.

Спроведувањето следува откако Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда која сега веќе е правосилна, а со која таа е осудена на седум години затвор, додека Бојан Јовановски на девет години.

Поранешната специјална обвинителка е осудена за злоупотреба на службената положба, а Јовановски за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.

Во истиот случај со нив, за примање награда за противзаконито влијание, беше обвинет и Зоран Милески-Кичеец, но тој уште на првото рочиште во декември 2019 призна вина и доби затворска казна од три години затвор. Таа е правосилна и од октомври лани тој ја издржува во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од куќен притвор, Боки 13 спроведен во затворот во Идризово

МИА/Фото: СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

26-годишник се обидел да силува 68-годишна жена

Редакција

Само Чаир и Кисела Вода со над 100 активни случаи со корона вирусот во скопските општини

Редакција

Притворот за Јанакиески за кој државата ќе плати оштета, бил оправдан, имало пропусти во жалбената постапка, велат од Кривичен

Редакција