еМагазин
Image default
Локално

Седум лица повредени при нагло запирање на автобус во Скопје

На 05.11.2019 во ЦВР Скопје било пријавено дека во 14.55 часот на ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, при нагло запирање на автобус „даф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.К.(45) од Скопје, со повреди се здобиле шест патници и возачот, информира МВР.

Со тешки телесни повреди се здобил Џ.Д.(59) од Скопје и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Со телесни повреди се здобил возачот и А.И.(60), Т.В.(24), Љ.Б.(21), Е.И.(20) и Ќ.М.(58), сите од Скопје, по што Ќ.М. била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а останатите четири патници биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во Скопје: Почина едномесечно бебе поради проблеми со дишењето

Редакција

Малолетници пукале со воздушна пушка на товарен воз, нема повредени

Редакција

Битолчанец со ловечка пушка застрелал кичевчанец

Редакција