еМагазин
Image default
Техно

Секој трет човек во Македонија пати од алергии: Како да се справиме со поленот

Според истражувањата направени во 2018 година, неделно на Клиниката за пулмологија и алергологија се регистрираат по десет нови случаи поради алергиска реакција. Статистичките предвидувања се дека од алергии страдаат од 25 до 30 отсто од луѓето во Македонија, вели д-р Дејан Докиќ.

Покрај тоа, многу лекари и експерти посочуваат на тоа дека до 2025 година, дури и половина од населението ќе ги имаат тие проблеми. Еве неколку совети како можете да ги ублажите алергиските реакции.

Бидејќи количината на алергени во воздухот зависи од временските услови, пожелно е редовно да се следи временската прогноза и според тоа да се планираат активностите на отворено. Така, најдобро да се оди во природа е во деновите откако ќе завршат дождовните порои, рано наутро или доцна навечер, кога концентрацијата на полен е најниска.

Меѓутоа, ако оваа пресметка ви претставува проблем, превенцијата е секогаш најдобро решение. Дури и ако имате само поблага форма на алергија, добро е да имате опрема со вас што помага во случај на ненадејна реакција, покрај капките за нос или очи.

Често слушаме како чистотата е половина здравје и ова е случај кога станува збор за алергија на полен, а одржување на домот е клучно за неговата превенција.

За полесно и поефикасно чистење на подовите и теписите може да допринесе Samsung лесната безжична stick правосмукалка која има дигитален инвертер мотор со моќ на вшмукување до 150W. Истовремено ќе имате прилика да вдишете и почист воздух, благодарејќи на петслојниот ХЕПА (HEPA) систем за филтрирање, кој задржува  99,999 % од најситната прашина и алергените.

Грините исто така можат да бидат отежнувачки фактор за сезонските алергии, кои најчесто се собираат во душеците и постелнините, а во борбата против нив може да ви помогне Hygiene Steam технологијата на Samsung машините за перење алишта.

Освен што се намалува времето на перење и потрошената енергија, голема предност е и Eco Bubble™ функцијата за силно чистење, дури и при ниски температури.

На крајот, недоволното внесување на вода е директно поврзано со чувството на умор и омалаксаност, а тоа најлесно ќе го поправите ако во дневната рутина вклучите вода, природни сокови, билни чаеви и супи.

Исто така, калциумот докажано помага во намалувањето на алергиските реакции поради ефектот врз капиларите, а препорачано е да се дополнува со внес на витамин Ц, како природен антихистамин.

Имајќи го во предвид наведеното, јасно е дека може да почувствувате значителни промени со минимален напор. Затоа, ако сѐ уште не сте започнале, одредете ден кој ќе го посветите на овие позитивни одлуки. Бидете сигурни, здрави и пред сè одговорни.

Секој трет Македонец е алергичен на полен – истражувања направени во 2018 година, со изјава на пулмоалерголот д-р Дејан Докиќ (Министерство за здравство).

Испитување врз основа на клаузулата 5.11 стандард IEC62885-2. Максимум режим. Врз основа на интерни испитувања.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Meta го избира Httpool на Aleph за aвторизиран партнер за продажба во Македонија

Редакција

Огромен пораст на заинтересираноста за купување на мебел и дизајн на ентериер: Ова се моментално најголемите трендови

Редакција

Boksy, е-библиотека достапна за сите А1 пост пејд корисници

Редакција