Советот на Општина Гостивар донесе одлука за доделување на еднократна парична помош на семејството на Џејха Меџити, од гостиварско Здуње, која минатата недела го загуби животот во водите на Вардар.
Одлуката беше ставена како дополнителна точка на дневниот ред на денешната седнциа на барање на градоначалникот на општината Абен Таравари. По кусото образложение, предлог одлуката едногласно беше поддржана од сите членови на советот. Семејството Меџити ќе добие 300 илјади денари од општинскиот буџет.
Седумнасетгодишната Џејха Меџити, минатиот понеделник при обид да се одбрани од куче бездомник падна во водите на Вардар и се удави.
МИА/Фото:Општина Гостивар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари: Да покажеме респект кон семејството Меџити за смртта на нивната ќерка
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.