еМагазин
Image default
Забава

Сергеј Варошлија со емотивна порака му честиташе роденден на Боки 13

Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да не може да ја прими искрената честитка, напиша ТВ-водителот Сергеј Варошлија на својот Фејсбук профил во пост во кој му го честиташе роденденот на Бојан Јовановски-Боки 13, првообвинет во случајот „Рекет“, кој е во притвор.

„Можете да го нарекувате како сакате, со секакви надимаци и описни зборови, но за мене бил и ќе остане само едно име – Бојан, кое асоцира на другарство, пријателство, едно од оние ретките, едно од оние малкуте кои и јас, и сите ние ги имаме во животот, едно од оние кои се бројат на една рака!

Еден од ретките кои искрено се грижеше, бореше и интересираше за сите, а „сите“ наоколу ретко, а уште помалку искрено се грижеа или бореа за него, зошто повеќе ги интересираше „што, како, зашто…“, заслепени од тие „прашања“ не можеа да ја видат неговата суштина и човечност пред се! Но, не за џабе викаат „човек на човек му е огледало”!

Среќен роденден драг мој Бојан! И како вика онаа народната: „се проаѓа“, битно да си ми жив и здрав!

П.С. Благодарам на малкуте пријатели што ми се јавија – пишаа во овој период, Вие знаете кои сте!“, напиша Варошлија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште 30 дена притвор за Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец

Кај се парите кои ги изрекетирале Боки 13 и Кичеец?

Дечки, “мрачните сили“ не отидоа по рекет кај Камчев, Боки 13 беше

Фото: Фејсбук/Варошлија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Актерот Алек Болдвин на филмски сет уби директорка на фотографија и го рани режисерот

Редакција

(Фото) Викторија Лоба блесна во навестински фустан

Редакција

(Видео) Кои десет земји се пласираа во финалето на Евровизија од втората полуфинална вечер

Редакција