Апелацискиот суд Скопје делумно ја уважи пресудата од првостепениот суд за предметот „Труст“ и на обвинетиот Василије Авировиќ му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од две години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот за време од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Авировиќ лани беше прогласен за виновен во судскиот процес „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за злоупотреба на јавна набавка.
Авировиќ, инаку е син на пратеничката на Социјалстичката партија, Владанка Авировиќ, која гласаше за уставните измени.
Информацијата предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
Ви пренесуваме што се твиташе на Твитер:
Во одбрана на Авировиќ: Нема мајка на светот што не би го направила истото за синот.
Во одбрана на "Заев го контролира судот": Ништо не ми текнува у пичку матер— Виктор Стевич (@ViktorStevich) March 11, 2019
Мајка му Владинка гласаше ЗА промена на името и затоа сеа си се спаси од затвор. За ова ли не продадовте бе ?#НемаПравдаНемаМир pic.twitter.com/Dv7vsgJES8
— Тетка Ики (@Tetkicai) March 11, 2019
"Северна ,Владанка и правна држава" на денот:
За добивање на тендер од 17,3 МИЛИОНИ ЕВРА со лажни документи, на синот на Авировиќ му е изречена условна осуда и казната затвор во траење од 2 години НЕМА ДА СЕ ИЗВРШИ доколку обвинетиот за време од 5 години не стори кривично дело.
— Мартиан (@MartianFromMKD) March 11, 2019
Еве ја сметката за гласот на Владанка Авировиќ. Независно судство my ass.
Казната на Кочан намалена за 2 години, Василије Авировиќ заврши со условна https://t.co/OBNIzCW1pp via @PLUS INFO
— Ненаспана Муцка (@Nenaspana_Mucka) March 11, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Случај „Труст“: Казната на Сеад Кочан намалена, Авировиќ заврши со условна
Фото: Влада