еМагазин
Image default
Македонија

Шахпаска ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика од Бајрактар

Во Министерството за труд и социјална политика денеска беше извршено примопредавање на функцијата министер за труд и социјална политика. Новата министерка Јагода Шахпаска ја презеде функцијата од заменик министерот Ѓонул Бајрактар, кој ја вршеше оваа должност, поради испразнетото министерско место.

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека министерката Шахпаска како членка на собраниската Комисија за труд и социјална политика во претходниот пратенички мандат и како поранешна пратеничка која активно била вклучена во социјалната реформа, но и во повеќето процеси во надлежност на овој ресор, истакнала дека е свесна за предизвиците што го очекуваат ова Министерство.

– Чест и задоволство, но и огромен предизвик ми претставува да го предводам секторот за кој гласно се борев и се залагав и од собраниската говорница, но и во Комисијата за труд и социјална политика.

Реализацијата на социјалните политики кои се насочени кон вистинска грижа за сите граѓани, а особено кон најранливата категорија на граѓани е од огромно општествено значење за нашата држава.

Инвестирањето во луѓето, во подобриот стандард, во повисоки плати и пензии, во социјална заштита која овозможува излез од кругот на сиромаштијата се приоритетите за мене и за Министерството во наредниот период, нагласила Шахпаска.

Најавила дека ќе се залага за реализација на политики засновани врз принципите на градење на праведна и социјална држава, за подобар животен стандард, вреднување на трудот на работникот и заштита на неговите права и борба против сиромаштијата и невработеноста.

Веднаш по примопредавањето на функцијата, министерката Шахпаска имаше состанок со раководниот тим на Министерството составен од државните советници и раководители на сектори. На состанокот таа се информираше за тековните проекти на кои работи Министерството, за предвидената динамика за нивна реализација и за евентуалните пречки со кои се соочуваат.

Од вработените во Министерството очекува тимска работа и целосна посветеност во реализацијата на сите проекти предвидени во Програмата на Владата за наредниот четиригодишен мандат.

– Наша задача и обврска е да им служиме на граѓаните и да работиме за нивно добро, рекла Шахпаска, оценувајќи дека во претходниот мандат, Владата и Министерството за труд и социјална политика покажале дека може да се промени начинот на кој државата се грижи за граѓаните и дека тој концепт ќе продолжи со уште позасилена динамика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Јагода Шахпаска која доаѓа на местото на Мила Царовска

Адеми со цвеќе ѝ ја предаде функцијата на Царовска, новата министерка за образование

Заев официјално ја презеде функцијата премиер од Спасовски

Фото: МТИСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

32% од заболените со Ковид-19 во Македонија имале контакт со потврден случај

Редакција

Две воспитувачки во тетовските градинки заразени од Ковид-19

Редакција

Граѓаните кои одбиваат решенија за самоизолација и даваат лажни податоци за контактите, ќе одат во државен карантин на своја сметка

Редакција