еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Џентлмените на мотори во Скопје собраа 2.242 долари

Шест милиони долари се собрани како донации во рамки на движењето „The Distinguished Gentleman’s Ride“ кое годинава обедини 110.000 моторциклисти од 630 градови во 100 држави. Средствата се наменети за подигнување на свеста за машкото здравје и се донирани во Мовембер фондацијата која ги доделува онаму кадешто се најпотребни.

И Скопје во неделата трета година по ред беше дел од ова движење, а Скопјани имаа можност низ градските улици да видат 150 елегантно облечени моторциклисти со укинатни мотори. Почетокот на настанот беше на плоштадот Мајка Тереза пред Македонската Опера и Балет, а парадното возење ги опфати речиси сите улици од централното градско подрачје.

Собрани беа 2.242 долари. За прв пат оваа година партнер на настанот во организацискиот дел беше Градот Скопје и самиот настан со своите веќе три успешни организации полека, но сигурно влегува во мапата на културните градски случувања.

МИА/Фото: Дарко Христов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Џентлмените возеа мотори низ Скопје за да ја подигнат свесноста за машкото здравје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „Виз ер“ летале пет милиони патници од Македонија

Редакција

(Фото) Епохални откритија во струшко Корошишта: Пронајден бронзен шлем, златни прстени и фолии…

Редакција

СРЕЌА ПЛУС за Александра и Александар од Пробиштип со Златна Рипка вредна 500.000 денари

Редакција